Кога бил готов, останал седејќи и заздишен, сѐ додека не се случило она, за што ниеден од оние, што прикажуваа, не забораваше да раскаже.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој сега сакаше да раскаже како живеел и што видел во туѓина и што донел во куферите оставени во опустената куќа од која отиде пред неколку години преку мориња кон непознати земји да ја пресметува во себе големината на планетата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А и за природата, нема што за природата да раскажам кога таа самата се раскажува врвејќи ден и ноќ по патот со востановениот ритам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ниту една единствена не знам
ладнокрвно да раскажам
бајка.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
JOH Мирче зборува, прашува и кажува. Сака сѐ да раскаже и се претекнува со ноќта. Сака да го прелаже утрото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зашто, ако не сум направила ништо за себе во последните 3 децении, во една ноќ сум влегла во десеттина кафеани, од која едната специјално ми ја отворија само за да влезам во тоалет, па пиев и вино место чај (а, тоа не сум го направила никогаш!), шетав во парк по дожд, разговарав скокајќи од тема на тема за да стигнам да раскажам сè, се срамев, не се срамев, сакав да заспијам, не сакав да заспијам и, во едно деноноќие, ги доживеав двата изгрева...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сакав да раскажам за тоа, за талентите, за тој несекојдневен настан во животот на домот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)