Го потклепа палечникот, и сам проговори некој и друг збор со Стевана и виде дека Стеван се гордее со своето Кате дека служи кај бегот и оти тој ја има таа „висока чест“ прв да разбира што мисли бегот и што ќе прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Целта на тортурата е тортурата. Дали сега почнуваш да разбираш?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И како што пловеше пампурот, тие жените во бело облечени, добро нѐ ранеа и кога ни зборуваа почнавме да разбираме од нивните зборови, та си шепотевме – море овие ќе да се наши, та се преправаат дека се други.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)