Чувствуваше нешто многу силно во утробата, нешто што притиска од внатре, што гори, што се буди, што сака да пробие и силно да ја распрсне својата светлина насекаде од себе.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Да пробијат тунел под планината за да ја користат водата од езерово за хидроцентрала...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Како капка вода да се обиде да пробие од кожата под стаклото на окалките, за да не најде отворена пора и да се разлее полека кон темниот печат на едната страна на врелото лице.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пред да пробие од пукнатата черупка со крвца и бела глекавост, пред едното око да се покрие со сив и лилав мраз, подивениот се извиткал со крик.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со сила на божја казна врз тилот на чудото паднал тежок каменен чекан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најстариот, оној што на пат носел остар наџак, рекол дека проказата ќе го изеде сето живо месо во селото. Не помагале ни молитви ни лекувања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тие мигови на Пелагија ѝ се појавуваше затка во грлото и од неа не можеше да пробие надвор глас, туку само солзи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)