да (сврз.) - притиска (гл.)

Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И веќе почнав да притискам да ме вратат. И амбасада и лекари, сѐ. Само за враќање тупам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога мислев дека веќе го нема и дека се изјасни се наеднаш сфатив дека неговата сенка се скрила под моето чело да притиска глуво како во кошмарна бессоница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Меѓутоа, по пет години, осаменост почна да притиска.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)