Ја разгледувам својата истегната нога како објект вреден за почит, не мислам на ништо, слушам музика, одбрана, stress busters, new age, нарачав и brain supeerchanger, чекам да пристигне овие денови...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Одвај одам од исцрпеност, а сепак, нетрпението да пристигнам, не ми дава да подзастанам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А да не зборувам за тоа дека требало и врата да се искова за да можат да ме стават пред црквата рано в недела и тоа по пелени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А снегот никако да пристигне. Температурата се врати на претходната скала, како на почетокот на есента.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А во врска со последиците само ќе додадам дека човекот е такво суштество: со негодување ги дочекува настаните за кои знаел дека наскоро може да се случат, но ете, тие се поиграле со неговите предвидувања: пристигнале порано, иако можело да се случи да пристигнат и некој ден подоцна од планираното.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Кога ќе пристигнам таму каде што треба да пристигнам, има што да прикажувам....
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
3 Ветерот се врати тих и уморен на вратот со шарени летала по морето се валкаат русите глави на луѓето што треба да пристигнат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Се случи еднаш навечер требаше да пристигне Елена вчера или утре - не сум сигурен, (ми пречи поделбата на денови, на години, на минато, на иднина).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во градскиот комитет започнаа да пристигнуваат поплаки од основните организации на партијата за недоличното однесување на козите на разни јавни места во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас токму затоа и сакав тој Младич да пристигне дење.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Каде јурат каубоите и дали некаде се гледа американската коњица што јури преку брегот за да пристигне на помош во последниот миг?“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)