На овој саем сретнав многу стручњаци од „Треска“, архитекти и инженери, кои беа дојдени да го проучат врвното во производството на мебел за да можат да пренесат и кај нас и во наши услови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Сепак, мајче, четириесет и тројца имаме запреги да пренесеме товар и од подалеку, од гробот Христов ако сакаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ми раскажа Пере Катин, зетот на Сотира, помлад човек во чија меморија можеш да се потпреш, па и во неговата способност да разбере што се зборувало, и да пренесе точно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Ќе работиме и за другите села, се замешал вториот; и тој бил Онисифор, само со поинакво второ име: го викале Мечкојад, му се тргале од пат, повеќе му се плашеле отколку што го сакале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)