Хернандо стоеше и чекаше дождот да преврне за да може повторно да тргне со дрвеното рало низ нивата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Едни крши тревчиња, други реди за да преврне. Па не би час преврна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во долот ни секна тропотот на водениците како да преврнал дожд како да папсал гром како да свенало цвеќето по меѓите.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Беа богати бели партали јужен снег и којзнае како сѐ уште не се свршува таму горе и еднаш да преврнат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)