Селаните по сражението избегаа со семејствата и нешто пљачкуринки што можеа да понесат, во пештерите и гората и однаспоред гледаа кога Турците прво ги опљачкаа нивните домови, а потоа се дигна густ дим за да премине во пламен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Секој посетител бара по нешто да понесе за спомен од Изложбата, дури и од секој павилјон.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Нема да понесам со себе ниедно небо, во ниедна боја. Не, ниту трошка апстрактност.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Подоцна го дознавме тоа и дознавме колку многу нуди светот, колку ги полни очите блесокот на градовите, а колку малку можевме да земеме и да понесеме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А што се однесува до мене, каква вина јас сега можам да понесам заради тоа?“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Грбот може уште многу замаени, опијанети и забегани да понесе на кркуш, за да не се срамотат кога ќе се прпелкаат во пепелта.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Акцијата Операција грозје бараше од учениците да бидат соодветно облечени и да понесат со себе нож за да ги сечат плодовите на другарот Дионис.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
„Господине, директоре, ве преколнувам да ми ја вратите песнарката; јас ништо друго освен таа песнарка нема да понесам од овие четири години овде“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)