да (сврз.) - измие (гл.)

Виде — не видов, чу — не чув". Со еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Добро смирете топка, да кренеме весниците, да измиеме раце. Мама Зата ни подготвила ужина“, рече Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
ПАРАСКЕВА: Да станеме? БОЖО: Зошто? ПАРАСКЕВА: Да измиеме заби. БОЖО: Европа е мртва. ПАРАСКЕВА: Па?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АНГЕЛЕ: Што поправо да измијам? Не се мие тоа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но, добро, а за коњите, за говедата, за луѓето да измијат образ?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)