„Ти си мислиш“, рече тој, „дека со оглед на нашата намера целосно да те уништиме, така што ништо од она што ти ќе го кажеш или ќе го сториш нема ништо да измени, - зошто, во тој случај, се трудиме толку многу прво да те сослушуваме? Тоа го мислеше, нели?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Усмевај се ако сакаш. Само не приспивај се. Не мисли дека една таква усмевка може да измени нешто во животот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ја викав кај мене дома често за да ѝ помогнам да го преброди тоа и заедно да учиме, но, не успеав ништо да изменам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во тоа никој ништо веќе не можеше да измени. Не можев, не сакав да поверувам!
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Меѓутоа, апелите за реорганизација на полицијата и жандармеријата биле праќани до истите раководители на администрацијата коишто се покажале неспособни и не можеле ништо значајно да изменат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Еднаш, кога беше сосема изморен од таа игра, во која постојано се напрегнуваше да смири некого само со своето присуство, тој помисли дека секој од нив останува да си биде само она, што си е, и дека тука никој никогаш не ќе може да измени ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу тој го сети и во својот чекор нејзиниот недостиг, но тоа воопшто не беше во состојба да измени нешто од неговата решеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога би бил на нивно место тој сигурно не би можел да погледне в очи на човека и целото време би молчел, но кај нив тоа беше вакво и тој тука не може да измени ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ни најмал обид да измени нешто во нејзината одлука.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тоа Хелвиг не се обидуваше да го решава. Знаеше дека ништо нема да измени.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зар ќе можев нешто да изменам? Не верувам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Татко ти имаше право кога велеше дека затворените очи го чуваат срцето, а и на умот му помагаат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)