Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Рано изутрина пред да изгрее сонцето.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
- Нема толкава небиднина што да му попречи на Сонцето да изгрее!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Грталица После 2–3 зими у Канада, неизбежен е судниот момент кога ти доаѓа преку глаа од огромните купишта снег пред куќа, од кои ни сонцето не може да изгрее. Тужно ги посматраш лопатите за снег од кои ти попуштила кичмата, а и руките што ти станале ко на Попај.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)