„Ја гледам, седи на она столче до масата“, ми вели Трајчеица, „седи сета разотворена пред очите на оној мој сомун, а знаеш какви очи тој има, да извиниш; а таа зборува, зборува и не мисли да запре.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„А ти, да те прашам, од кога стана, да извиниш, генералица?“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Види те молам, да извиниш, а од кога ти се стори Русинка?“, забележала со многу право Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Немој ти мене, да извиниш! А забораваш дека дуќанот е мој“, почнала да се настрвува Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Мило ми е што си дојдена, Рајне, ама јас не чекам гости во дуќанот“, ѝ рекла тогаш Трајчеица, и тоа само за да си ја поништи горчината, така барем велеше дека ѝ рекла, но Рајна студена како мразулец, само се насмевнала, „и тоа со половина око, да извиниш“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Да извиниш ти, ама јас немам што да извинувам, дојдена сум на гости кај Генералот а не кај тебе “, одвратила Рајна, „кај тебе се готвам другпат да дојдам“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ова да извиниш, Трајчеица го употребуваше само во ретки прилики, и тоа ѝ доаѓаше како да вели госпоѓо или нешто слично, но Рајна во тој момент го изумила ова.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)