Исхраната, мој Камилски, има многу заемки за означување солени и слатки јадења, како и пијалаци, кои се употребуваат и денес од поголемиот дел на населението на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кого и да запрашаше човек во тие години, мајка или татко, колку деца има, ќе речеше четири, две момчиња и две кози, или три, две машки и една коза...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)