Уште само 200 бразилки да увезат и Скопје може да заличи на Рио де Женеиро.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Слегувавме почесто во Техеран, купувавме алишта, чевли, да заличиме на луѓе, и одевме од едно конзулато во друго: турско, руско, но виза во ниедно не можевме да добиеме. Ни велеа само: чекајте, чекајте...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Каде работиш?“ „Никаде“, му одговарам како од пушка, и веќе не сум исправена, се подвиткувам и се трудам да заличам на некој кој секој први во месецот оди на завод да се пријави, а не морам - и онака по влечките веќе ме изжали човекот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Поточно, таа и нејзиниот монолог, зашто Тој беше нејзиното ехо.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Според турканицата пред шалтерот за багаж, во чекалницата, а и внатре, во леталото, авионот Скопје – Виена може да заличи на автобус со крилја.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Беше со куца нога и троа рогат, но со најголема желба да заличи на Бога.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)