Кракатау: Господинот вели дека е некаков герилец, некаква нелегалност во однос на легалноста, и тоа го споредува со состојбата во нашата земја.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога таа би била на место на Обама, уште сабајлето на петти ноември Џорџ Даблју Буш би завршил на гилотина, Џон Меккејн би го испратила да дроби камен во Гвантанамо, Кондолиза Рајс јавно би ја шишале пред Капитол Хил, на Дик Чејни би му пуштила луѓе да го дават со свилен гајтан, а на Сара Пејлин сосе мажот и петте деца би им пресудила ко Ленин што им пресудил на Романови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ворхол (2) Картер Ратклиф Увод Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
(четвртиот не престанува да дроби, прашува дали во близина се сканирани 25 луѓе, тие го прашуваат дали сака мртво или живо месо, Дебил вели: Зомби месо сака не, се уфрлуваат некои телефонски повици, какофонија, хаос.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)