— „Не, не. Нема Бино да доживее триумф над мојата несреќа, што е и негова! Само тој се продаде!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И само малку е потребно за да затрепери сѐ во мене, за да го чувствувам мигот, Би можела да умрам и повторно да се родам, и да доживеам сѐ од почеток.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Почнете да размислувате како може да надоместите за тоа што се случило, како можете да го извлечете најдоброто од тоа и да доживеете сатисфакција од сопствените животни избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Лудо е ова време во кое живееме, овде на земјава се е како шаховско поле и ништо не е случајно, можеби сами ги поместуваме фигурите, сами го правиме следниот чекор и сами понесени од сопствената волја, зрело или без размислување, без искуство, свесно или несвесно или можеби наивно, будно или сонливо или полу заспано, внимателно или понесени од инстинктите од сопствениот живот правиме пекол и рај, но на крај секогаш стигнуваме таму каде што било пишано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Силно да веруваме во себе, да бараме мудрост и знаење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Трпеливо да ја бараме причината за живеење, да станеме родители, да се заљубиме, да доживееме ултимативен хедонизам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој не можеше да доживее целосна рехабилитација, односно да му ја вратат универзитетската професура и местото шеф на Катедрата за педагошки науки при Филозофскиот факултет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше недостапен на двата броја. Бев готова да доживеам нервен слом.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Овде каде што четирите елементи се исцрпени, ништо повеќе не можам да доживеам и ништо повеќе не може да ми се случи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Имаме и примери. Буда успеал да доживее нирвана на душата, а Исус воскреснал од мртвите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А точно за тоа ние донесовме решение — ти да ја земеш, за да доживее уште еден шамар.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А сакав да доживеам нешто несекојдневно што учениците од гимназијата не доживеале и не ќе доживеат со нивната глупава покорност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- При овие зборови Смокот подзастана веројатно да земе воздух, а потоа продолжи - И во тој напор да ја изврши докрај задачата се случи твојот син да доживее да стане херој, мајче Босо - ја извести со траурен глас другарот Ѓорѓи Смокот и силно ја гушна!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Можете ли да доживеете поголемо разочарување, поголема несреќа од таа што ја гледате и слушате од устата на вашите браќа кои исто така со денови, со ноќи, со векови се подготвувале за бегство.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не минаа ни три дни, а недостигот од козјо млеко беше очигледен: образите на децата веќе беа бледи зашто млекото од козите беше главната, ако не единствената храна на многу семејства во Козар маало, во градот, насекаде во пасивната сиромашна јужна република, која мораше веднаш, небаре по наредба да доживее брз индустриски развој.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)