Над влезната порта венче од детски солзи му пркоси на законот на гравитацијата среде бело венче ѕвони бело ѕвонче бели коњи со распавтани бели сни и занданите имаат облик - бела ѕвезда бело насмеана со опашка од бела роза бели галежи на бела свила од првата ноќ до последната бела виделина бел садник од рози во срцето - осаменоста ја скорива љубовта гнетот го скорива гневот бело варосани ѕидови во нив светлината жртва заѕидана врела голтка запрена среде суво грло и смртта тука имала бела боја и многу сакала да гушка листиња од црвени рози.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)