Може да жниела. Може да врзувала снопчиња со нас, може заедно сме вршеле во гумната.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)