Наспроти тоа, сѐ уште се обидувам да внесам ред во своите мисли и од метежот да создадам слика на времето, што и е моја задача.”
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Виктор по секоја цена настојуваше во болничкото сивило да внесе малку ведрина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Она што овој никаквец и завидливец сакаше, беше да внесе немир во нашиот дом, ама инаку не измислувал.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Иследникот инсистираше во изјавата да внесам повеќе податоци за тоа како изгледале моите обиди да им пријдам на членовите на семејството на другарот Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можело да се случи да го запишам она што иследникот ми го сугерирал како можна моја помисла, а не она што вистински сум го мислел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не се сеќавам што сѐ сум можел и да помислам а камоли да ги ископам од умот зборовите што сум ги употребил!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секој ден ми станува сѐ појасно, велеше тетка Боса, дека всушност смртта со своето однесување сака само да покаже дека се труди да внесе темелност во своите постапки!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)