Дали поради загреаноста од пишувањето или пак поради нешто друго, му се причини дека студот што го чувствуваше утрово некако намалил и кога погледна низ прозорчето, виде дека надвор почнало да вее снег.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зашто, луѓето и не можат да насетат колку има моќни и големи луѓе кои така, молчејќи и невидливо, а брзо, умираат во себе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И таа можност започна да вее од секој предмет што ќе го слушне, види, рече или помисли.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)