Затоа сега дедот Стале многу се израдува кога му рече Петко оти сака да се запопи и му вети полна поткрепа со некоја и друга лира, бидејќи ќе прави добро на свој човек, кого сам тој го дотера до питачки стап, а од друга страна ќе се спаси од поп Спира да не му плаќа секоја служба бела меџудија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На друго место, прашината се користи како средство за мерење време, некој вид клепсидра, опишана на следниов начин: „Внатрешноста на чашата треба да се премачка со лак или сапун, 14 Margina #3 [1994] | okno.mk така да прашината, паѓајќи од решетката за гипс, да може да „легне” и да го обележи местото што ќе го допре; на тој начин ќе видите и ќе можете егзактно да утврдите до која висина допрела прашината, бидејќи ќе остане залепена.”
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Треба, вели, да се соземам, а ќе има кога, вели, бидејќи ќе останела во Долнец подолго одошто планирала кога дошла.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Следната генерација ќе знае како да ги користи компјутерите и можеби тие потполно ќе ја отфрлат телевизијата, бидејќи ќе бидат страшно добри во деконструкцијата на ѓубрето што се емитува, ќе гледаат низ сета симплифицирана глупост на ТВ пораките.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Маргина 37 33 Mark Dery во Escape Velocity заклучува: „Со должна почит спрема политички разложната реторика за злото на митот на убавината, Орлан во своето дело се обидува да го сокрие не толку тајниот сон: да стане првата celebrity на постхуманистичкиот уметнички свет“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Орлан вели: „Кога ќе завршам со последната операција, ќе дадам барање да си го сменам името бидејќи ќе бидам нова личност“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Исто така, таа ќе ни го загрози единствениот канал преку кој, всушност, можеме да комуницираме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата.
Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам.
За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, ова сведочи за потребата од јавни, општествени постапки што не искажуваат емоција, туку ја заменуваат – кои ja претставуваат без стремеж да ja изразат – и кои ја пренесуваат емоцијата со склоп од генерички, усогласени симболи и замени, обезбедувајќи го на тој начин непреченото дејствување на конвенционалните општествени односи.
Во овој контекст, јазот меѓу чувството и изразот е трагичен, бидејќи е пројава на темелна егзистенцијална катастрофа – погубна, непоправлива, неизбежна празнина во човековото значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И едната и другата поента се важни; наместо да се избегнуваат, тие заслужуваат сериозно и постојано размислување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разбирливиот човеков порив да ја затвори, да најде начин буквално да се изрази она што навистина го чувствуваме, не е само предосуден туку е и разорен: им се заканува на симболичките посредства што ја држат целината на сиот општествен свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што тврдоглавиот порив да го затвориме тој јаз нема да ни успее туку и ќе ни го дооштети општественото постоење бидејќи ќе ги дискредитира симболичките форми преку кои го претставуваме она што го чувствуваме и со кои си ги одржуваме меѓусебните општествени односи.
Настојчивоста целосно да се искаже она што го чувствуваме ќе исходува со бескрајно, бесцелно насилство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не ломоти сешто, бидејќи ќе се каеш. (Не спомнав: навистина посакував да си заминам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)