ама (сврз.) - и (чест.)

И го гледам како таму во понизна положба лежи, се врти кон мене барајќи сожалување, а мене и ми е жал за него, ама и се плашам од овие луѓето што на цел глас викаат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ете, ви го кажав и лошото, ама и арното.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ама и јас имам коњ за трка!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама и срцето сака да ми излета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- „Спиењето е губење време“ , велеше Лазор Ночески, „спиењето е најголема денгуба“. Ама и тоа требало, си велам утрото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и озгора сум притисната од некоја жештина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои грчат, ги катат забите и ко со прачки удираат со опашките на земјата, некои само мрзливо прилајуваат, ама и во лаењето се чудат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да се сретнеш со бога. Ама и во него се гледа со неверица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попот се мачи да зборува, ама и нему нешто во гласот му трепери, му го потсекува зборот. Не му е баш сигурно - кажувањето. Како и тој да не си верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и таа се смешала со луѓето. Се провира меѓу нив, се чипчи за бутот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и Бошко скрши глава. Бити, битиса и Бошко од Сувогрло. Не му издржа срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нагазивме на бугарска заседа. Некои фрлаат бомби и бегаат, ама и Бугарите не дошле тука за да садат пиперки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бараше, бараше и најде. Ама и си го најде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И фрлам по него. Ама и тој фрла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај што има пари, вели, повеќе се прави зло, ама и повеќе се прави добро.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па трчам таму. Ама и оттаму ми бега водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Барем со него ќе имам оправдување за да се вратам назад. Тргнувам, ама и маската ме гледа ко човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вистина студот е лабав, оти снегот е лапавичав, ама и човекот е лабав, поткопан. Не е тој што беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- За добро треба да си подготвен, вели Лазор Ночески, ама и за лошо треба да си подготвен, вели, слегувајќи од воловската кола што ја носеше рубата од Велика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и тоа не траеше долго. Болеста пак се врати, пак нѐ подбра.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама и водата од стомнето ти ја пие сонцето. Си ја делиш со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вистина работевме сѐ, ама и писмо научивме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Еден од нив го фрли шишето во ѕидот, белки ќе се исплаши оваа лоша „стража“, ама и тоа не помогна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луман и арамија по малку навистина е, ама и на власта свое ѝ е, на султанот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Не му ја давам целата, - рече мајката, - ама и уште три пати толку да имаме не ќе го наситат никаквецот штом дошол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Успеал и да се здружи со некои бегови и чорбаџии што го бранеле кај битолскиот валија лажејќи го дека Луман навистина понекогаш пленел, ама и против комитите се борел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас направив човек! - Ама и јас ќе направам. Можам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се гледа дека е и уплашен, ама и среќен. И Зоки е и уплашен, и среќен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тишината те плашела единствено кога си била во друштво со други.  В зори ќе се зари, озарено лицето на светлината а ти меланхолично ќе се обидеш да ги отстраниш флеките на Луната да се исправиш на нозе небаре го држиш цврсто во свои раце универзалното клатно на рамнотежата             небаре си нашла решение како да излезеш на крај со депримираноста  божем ја игнорираш и ѝ вртиш грб             ама и грбот има             очи !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
— Пријавете се во Црвениот крст, ми велат, ама и за таму е доцна. Море ампа, море рампа!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фала што ни кажавте, ми иде да им речам, ама и од тоа може да се покрене процес.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни донесоа вода и крпи, ама и водата мрзне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама и рацете ми бегаат, не стојат кај што ќе ги ставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште имам нициња во ципите, под мишките, ама и тоа не ме запира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Добро, му велам, ама и ти немој да гинеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама и возот свирна, го кажа часот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си ја вртам главата, ама и со тилот гледам дека ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама и подот е топол. Неговата топлина ми преоѓа на лицето, ми ги дополнува образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го пуштам сега на другата страна од вагоните, ама и оттаму ми се враќа без одговор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се тепам, се бапкам, ама и за тоа немам сила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иде и другата, ама и таа се најде долу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама и тој не ѝ се опираше долго на смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само главите ни се одозгора, ама и тие ни се надалеку застанати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја тераме така, ама и времето баеги се затера, а купувачите ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаше други прашања и размислувања сѐ до овие мигови, ама и сега, не беше прашање, туку констатација.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)