ама (сврз.) - сепак (сврз.)

- Ама сепак претерува, зар не? – се засмеа неконтролирано Јана како онаа вечер, во кујната на Стариот писател В. Зрновски, додека со Денко Самоников ја подготвуваа салатата и пијалокот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговото име е свето име за сите нас! – И за нас козите се свети! – го пречека мајка. – Разбирам, разбирам, ама сепак, козата си е коза!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа нејзино пискливо смеење всушност потврди дека е во прашање таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаеш, реков, не знаејќи како да го кажам тоа што сакав да го кажам, знаеш, реков, оној што сака да пишува гледа што гледа околу себе, го има предвид и она што некои други го рекле за истата работа, ама сепак мора да се осами и само во своите мисли да гледа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Навистина, од тоа можеби никаква помош не ќе дочека, ама сепак кога ќе те ислуша пријател сочувствувајќи ти, ќе ти лекне како половината од маката да ја снемало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)