ама (сврз.) - откако (сврз.)

Најмала остана, ама откако потпорасна и се извиши не беше повеќе дунда, туку обратно, танка како прачка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја слушна онаа којашто викаше по него - и го препозна гласот: „Ајде, чао! Ќе се слушнеме по домофон. Ама откако ќе прекрши жештината! После шест!“ им викна на другарките, се стрча по него и се втурна во лифтот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)