ама (сврз.) - ако (сврз.)

Ако ѝ се роди женско — туѓа челад е, што се вели, нека крни глава, нека го ќердоса Митра; ама ако ѝ се роди машко, ќе и се обиде ако може да ѝ го дрпне, та така нејзиното што ѝ паѓа од Илка да ѝ се најде за Нешка, да си ја удоми на куќи, а Трајковото да си го остави на синчето што ќе дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде бакалум. Нека излезат напред и нека кажат: „Ние бевме и тоа и тоа сакаме“. Жими вера, ништо не правам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, не си војник, ама ако паднеш на овој правлив пат што го испогазија војници, ќе имаш погреб војнички, погреб наш, партизански...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама ако е сам, може е некој чудак, или будала, ама, ме свиѓа, му ја чувствувам хемијата, и оној тик го има само мене кога ќе ме види. Инаку, не трепка со другите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама ако не те сака смртта, што се вели, ќе ти направи место да се разминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама ако му текне пак на овој да ме задржи во неговиот?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Може нема сите куќи да ги врви улерата, буицата. - Да не даде господ, вели клисарот, ама ако умрат закопај ги во варта, вели. 155
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)