ама (сврз.) - што (прил.)

Дмитар-Пејко го нема, сега и волето му го сотревме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама што ќе правиш, тој сега стопан, јас, како што знаеше, со цела фамилија момок кај него. - И пандур, - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да не направиме некоја беља? - Коте, - рече Методија кревајќи ги рамениците, - не верувам, ама што можам јас сигурно да ти кажам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ама што пилишта ли се оние, господе, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Тој е претставникот на Социјалдемократската партија? - Ако, ако е! Ама што се развикал!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислам, ќе ги претепаш ти хипиците што демонстрираат, ќе ги уапсиш и пацифистите што дезертираат, ќе ги изолираш и битниците што подбуцнуваат - ама што да правиш дома со ќерка ти што завива ко мачка пред парење?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ама што народ сме ние, луѓе?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)