ама (сврз.) - никогаш (прил.)

Нѐ сметале за верни граничари, нивни воини, војсководачи, императори, ама никогаш да не си бидеме свои на своја земја!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ни кога патувам за Истанбул не ги редам еврата и доларите, ама ги носам блиску до срцето во ранец префрлен како поштарска торбичка преку рамо и никогаш, ама никогаш не се делам од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некогаш бев млада и многу поубава, претпоставувам, ама никогаш толку посакувана дружба за муабет како сега.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Како река - ама никогаш не стапнуваш двапати во иста вода“ - помисли Влатко, кој во близина собираше пресечени гранчиња од пролетното кроење, всушност, чичко Темелко вршеше пролетна корекција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)