ама (сврз.) - никако (прил.)

Чанга можеше сѐ да поверува од книгите, ама никако не му влегуваше в глава, тврдењето дека Калето според остатоците на земјанки и колипки е старо четири илјади години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А летен ден, долг како година, брзо се разденува, ама никако не се стемнува. 22
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неколку пати ја завртува својата глава на кај Деспина ама никако да излезе глас од нејзината уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела направи само Аааа!? ама никако да се сети како изгледаше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега пукаат со помали топови, велат, ама никако да се погодат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Виде како сите новодојдени еден по еден се протуркуваа до Деспина и сите ѝ честитаа со целувки, ама никако да погоди кое е момчето што го армасуваа за неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По друмови скитам, ама никако да најдам дом.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)