ама (сврз.) - многу (прил.)

Невестата Митра го наполнила кошот, ама многу е стегната рака, та само неколку сламки најде во јаслите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Европа ѝ ја подотвори вратата на Македонија за влез, ама многу малку!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ѝ самарџија. Со него ли да се засватам?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Малку е смургава, ама многу е лична, а белило на лице не клава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Добро, ама многу вооружени комити почнаа да пребегуваат кај партизаните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе нема страв во неа, ама многу би сакала тука крај себе да го здогледа Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаме контејнери низ градот, ама многу нередовно ги празнат и затоа околу нив се грамадат купишта смет - да речеме - на секој ќош - јавна депонија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еднаш, на киселица берење, тукуречи и го подвидов, ама многу од далеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После фронтот се оддалечи. Топовите пак ги слушаме ама многу од подалеку. Како подгрмнување на ведро небо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Имам една рана, вели, некаде внатре, не знам каде е, ама много ме боли, ме пржи. Умот ми го свалува, вели. А јас не знам што да му одговорам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)