ама (сврз.) - веќе (прил.)

Јас уште не знам каква болест е тоа, ама веќе наголемо слушам и гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Баба долго барала да купи иста таква шолја со мече, зашто нејзе ѝ се слизнала од раце, додека миела садови - ама веќе не произведувале такви шолји.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Крсте и Неда останаа сами. Необично на двајцата, ама веќе се приближија еднододруго и почнаа да се ослободуваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста жива вземи пропадна од срамови што си го пушти чупето само на училиште, ама веќе се стори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)