ама (сврз.) - човек (имн.)

- ПРОСТИ ИМ, ОЧЕ, НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ! - воздивнал ХРИСТОС - СИН БОЖЈИ - ама ЧОВЕК и со болки ЧОВЕЧКИ... ********
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ама луѓето ракоплескаат, си ја разбираат радоста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама човек си, пак за него се туфкаш. Цела ноќ си ја тепам главата: каде е, што е? Чекам, а срцето не ме држи. Еве го, ене го - го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама човекот секогаш си ја носеше личната карта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уља и Велика како врзуваат крај со крајот, Горица сега да ме види не ќе знае што род сме и сигурно ќе бега од мене, улав живот, ебати животот наш, да не се делевме заради мене може поарно ќе живееја, ама човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, барем него ништо не може да го изненади...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поп Танаско рече дека е еден патот, ама човек пак го бара поблискиот, полесниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)