ама (сврз.) - одговор (имн.)

Напишавме писмо и до Москва, ама одговор нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А за кого се борев, прашува, за кого и против кого, прашува, кој е поразениот, се прашува, ама одговор сега не си дава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќе, додека се обидуваше да заспие, си поставуваше такви прашања, ама одговори не наоѓаше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Мамо, и јас ќе појдам со вас, барем со училишниот двор“, замоли Влатко, ама одговор не можеше да добие, затоа што Мими беше многу возбудена и во мигот даваше отпор - нејќеше да ги обуе белите чорапчиња, лутејќи се дека е топло, дури жешко и може да се оди со боси стапала во сандали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ама одговор никако да најдам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)