На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја прекина мислата, ама таа му се мешаше со другата, со недопирливата, која во мигот не сакаше да ја сподели со Татко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ама таа не знае за мојата мака.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се свртев накај Величе која седи до мене во клупата, да видам дали таа нешто ќе стори, оти Величе е едно мошне бистро девојче кое знае да се снајде и во нејтешките моменти, ама таа не сакаше да ми возврати со поглед.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Свесна е дека околу иконата на Богородица има и други луѓе, ги чувствува со срцето како ја проколнуваат што побргу да се тргне од пред иконата, ама таа не може да се помрдне.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Му кажуваа дека се тука и попот, оној што ја отвори црквата на горниот крај од селото во која сега живее Доне Ќосиот, му велеа дека е тука и Тушимката, онаа што си го криеше мажот, кутриот, во долапот за да не го земат партизан, ама таа, знаеш, бесоите си ги стишувала со попот, и додаваа Пак со Господ напред ќе се враќаме, дедо Костадине!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)