Што сѐ не мислеше да му нарече од лутина, но кога напладнето го сретна, застана пред него, му се загледа в очи со рацете наопаку, сакаше да му зареди да му вели сѐ што имаше смислено да му рече, ама сите зборови му нагрнаа одеднаш и како ветерот да му ги однесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го кажуваме името на Филип Хаџиевски, ама сите креваат рамена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама сите сме тука, на ист куп, што се вели, во иста кочина. Само малку позалачени.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)