ама (сврз.) - овој (зам.)

По дома муабет за дечко беше строго забранет и немаше таква категорија на роднина додека не се даде збор или свршувачка, ама затоа постоеја другари, блиски, блиски... па кога ќе раскинеш, оп - нов другар, уште поблизок, ама овој е најдобар по физика и, всушност, ти прави чест што секој ден одвојува време да ти потпомага во градивото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама овој пат тоа нема да се случи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Брат ми Трпче многу ме лутеше поради тоа што како чичка ми се лепеше секаде каде што ќе тргнев да одам, ама овој пат дури и за рака го фатив.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И се наредија да се простат прво со Трајчета, ама овој уште бегот кога му подаде рака рече оти ќе ги испрати до порта, та сите се поздравија со Ристета за да дојдат на ред со Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)