ама (сврз.) - ништо (зам.)

Ама ништо, не му се лутам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сполај ти, Пандо, ама ништо нема да носам со мене.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога ја гледам, секогаш ми се чини дека ќе ми се врати синот... а знам дека нема да се врати.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас се фаќам за ова, за она, вели, ама ништо нема крај мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клекнувам пред кравата, и неа ја молам. Ја стискам за вимето и ја молам. Се мачам да измолам, да црцне колку за иљач. Ама ништо не пушта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трчни кон ваму, трчни кон онаму, ама ништо. Никому не можам да му помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го наслушуваат со една цевка, ко инка, му го слушаат срцето, ама ништо не се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чинам излези на чардак и гледај, гледај надвор, под куќата, ама ништо да ми засенее, да ми се преметне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој што ми рече - обидов, ама ништо, помош нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И на жените им паѓаат шамиите, скутините, им се расплетуваат косите, ама ништо не ги запира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една ѕвезда се скинува и паѓа над коријата. Господе, мислам, ќе ја запали шумана. Ама ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама ништо не им прима устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)