ама (сврз.) - кој (зам.)

Ама кој да му верува тогаш? Кој да го разбере?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
СИТЕ: Така, така!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Е, ама кој е човек... (На своите покажувајќи на Арсо.) Еве — човек!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ФРОСА: И мене ми пишуваше мојон, во првото писмо кога си отиде, оти како некој од другарите вратиле, ама кој му кладе волкот зошто и за како.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Да одиме, - рече Пеце, - ама кој ќе му проговори прв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Јас сум, велам ама кој си ти, велам, кажи се. 96
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Било, како ние што викаме „аирлија работа“. Ќе те мислат нем, ако не речеш „аирлија“. Ама кој знаел. Дури отрпнавме, многу глави се скршија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е, вистина е така, велам, ама кој ќе ископа гропче, ако останам за да помагам. 173
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кој како ќе му се доближи на Дука Вендија, овој - пам по муцка и ќе го кутне во ендекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кој сака да краде вошливи алишта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)