ама (сврз.) - има (гл.)

- Да, да, се раѓа оваа година не се роди многу...ама има за живеачка. Колку да се протера годината.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нема, ама има врска со физичко, ако мајка ти влезе апансас во соба, а другар ти баш во моментот ти покажува како се прави мост, или скокање по греда.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И биди среќен ако има место на троседот што се пушта зашто секогаш има и полошо: на пример, отоман во кујна покрај шпоретот на кој цела ноќ се крчка на тивко сарма од кисел купус во тенџере за ајвар, дека сте едно семејство, ама имате деца како од две, нели!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Имаш чуено, како да не! Јас ви раскажував, а мене мајка ми ми раскажуваше кога се врати лани од Канскиот филмски фестивал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не – рече Марија – ама имам чуено за него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Луѓе? Не, немаше луѓе, ама имаше многу војска...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во пепелникот до филџанот нема отпушоци, ама има купче згмечени метафори.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Знам дека нема кој да ме чуе, нема кој да ми се одѕвие. Ама имало. Ми дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Има, вели Мисајле Ковачот, ама има и куче што знае да ти тажи на гробот и од жал да не јаде леб, вели, и да не пие вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помош немаше и порано, ама имаше луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ќе можеш да се обесиш, вели, ќе се откажеш од бесењето. Ама има време, вели Давиде Недолетниот, еда, ќе најдам јас поубава бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)