ама (сврз.) - знае (гл.)

Ама знаеш ли ти, Кети, што се случи?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не го гледам, ама знам дека е рака или нога од некој војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Перса би сакала уште долго да го слуша зборот на Пелагија, ама знае дека е уморна и дека треба добро да се одмори за да може утре да работи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мечката не знае да чита, ама знае да отвара чоколади.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таа му била секретарка или кој знае што лајно таму во Охрид на директорот на некоја фабрика за машински делови. Ама знаеш каква џадија... И сега косата ми станува...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)