11. Впрочем, кај нас има и посебен Закон за волонтерството (Сл. весник на РМ – 85/07, 161/08) којшто, во пракса, не се почитува дури ни од страна на државните органи!? 18 време не подолго од три години, со тоа што содржеше и одредба која имаше намера да ја намали опасноста од злоупотреба на засновањето ваков работен однос: „Работен однос заснован на определено време станува работен однос на неопределено време ако работникот продолжи да работи, најмалку пет работни дена, и по истекот на периодот од три години“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/03).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако работникот не може да се пронајде на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа [освен во случаите на оправдано отсуство од работа] или нема трајно или времено престојувалиште во РМ или одбие врачување – отказот се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на половина од платата, на која инаку би имал право, ако би работел.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓу другото, тоа е и случајот на мајка со дете до три години старост и на самохран родител со дете до шест годишна возраст, „освен ако работникот даде писмена изјава дека, доброволно, се согласува со прекувремената работа“ (чл. 120, ЗРО/05)!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Отказот работодавачот е должен да му го врачи лично на работникот, по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот може да исплати, на товар на другиот обврзник, надоместок за платата – исто така, и во случај ако така е одредено со закон или друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Со ЗРО (1993) се избриша изречната одредба на ЗРО на СРМ (1990) која, кај општите услови за вработување, прецизираше дека корисник на лична пензија не може да заснова работен однос (чл. 3, ЗРО/90); а, исто така, беше избришана и одредбата која предвидуваше заштита на работодавачот од т.н. нелојална конкуренција којашто би се предизвикала ако работник, кој има посебни знаења од областа на технологијата и производството или, пак, ако располага со извесна деловна тајна, истовремено, би работел и во друга организација (чл. 4, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)