ако (сврз.) - се (гл.)

Нејсе, ако се толку магариња, и попот, и Илко да не дадат нишчо, алав нека им е табиетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво: Ако се вистински актери, би имале потреба, како што би рекол Гротовски: „Да снесат јајце, да ја испразнат или промовираат креативната моќ, онаа што не ги остава мирни ниту дење ниту ноќе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се научници и имаат уметничка надареност, сепак се насочуваат кон науките и тоа природните.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако се Бугари, арно, - ќе се разберам; ами ако се Турци или Власи или Арнаути, како ќе се разбирам за да зборувам?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Решиле да ги запалат гранчињата, лисјата и козјиот измет со крајна цел, ако се живи, Чанга и козите да се задушат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И ѝ кажав и за клинои, ако детето многу се моча, и ако е крепа во ципите, да земе трипати по девет зрна грав и јачмен и да ги остави да ги намоча детето, и после да ги извади од под детето и да појде меѓу две води и со зрната да го боцнува детето и да вели: „Ако се сувите нека одат посуво, ако се водените, нека одат по вода.“ 60
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако се црнине - облаци, велам, јас сум за црнине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)