Тогаш тој ја префрли својата стара и сува рака преку моето рамено и со дедовска љубов ми рече, Умнице на деда, ми рече и додаде:  „Кога нешто е важно а тешко е да се каже, ми рече, тогаш е најдобро да се остави молкот да рече што ќе рече“.
               
             
           
            
            
              „Продавница за љубопитните“
               од Мето Јовановски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Ништо не го боли, а тешко му е и мачно, како да го притискаат сите камења од Чукарот.
               
             
           
            
            
              „Бојан“
               од Глигор Поповски 
              (1973)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Лесно се влегуваше кај него, а тешко се излегуваше; кога ќе почнеа луѓето да си стануваат, ќе речеше „Чекајте уште една чаша за последната молитва...“
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)