а (сврз.) - напати (прил.)

Напати ми скорева солзи, а напати ми иде да ја гушнам дека ете, некогаш и некаде, без наше знаење, сме биле заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога си отидоа Србите, а дојдоа Бугарите, Курназ не само што ја преименува трафиката во бутка, ами пак извади од дрвената нога друго пусулче, во кое сѐ пишуваше исто како во првото, само што место зборот „српско” стоеше „бугарско” а напати и „оплченско”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да го спомнам и она предупредување што му го реков пред да заминам: „Знаеш, му реков, животот не постапува секогаш на ист начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А напати и ме казнуваше”, додадов. „Грдо ме казнуваше”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, од сите овие мои објаснувања мислам дека можеш да заклучиш дека ниту со совет а уште помалку со упатство сум ги поттикнувал кај него намерите што можеле да го турнат во некоја неразумна потрага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напати знае да казни и тоа веднаш; другпат објавувањето на својата одлука ќе ја одложи за подоцна, но никогаш не ги амнестира нашите грешки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Цариград на неговата младост, напати го гледаше како голема рака подадена од европскиот кон азискиот дел, сета блесната со алемкамени, а напати како толерантно цивилизациско средиште во кое се спротивставуваа, но и се почитуваа, западната и источната култура, како и муслиманската, христијанската и хебрејската традиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)