а (сврз.) - свој (прид.)

И во оваа камена гробница Арсо сѐ повеќе ја губи способноста да го држи чеканот што му паѓа од раката. А своето место не го отстапува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Општеше само со рацете, а својата работа ја засака како ниеднаш дотогаш. Тука го запозна и него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во меѓувреме во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија чија команда на почетокот соработувала со месната власт, а своето присуство го објаснувала како привремено.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 17 декември 1912 во Тиквешкиот округ со Указ била воспоставена српска полициска власт што почнала да функционира од 1 јануари 1913. Причини за востанието биле воспоставување на српската власт, отворањето на српски училишта и цркви, биле формирани нови општински управи, а кадар се доведувал од Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)