Се доближив до стаклото. Светот надвор имаше жолто-модра боја, како мртовец легнат под црница, нешто дамнешно, мртво, а присутно. Не изгледа дека е стварно, а стварно е. Што е стварно?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Барам да го водите а присутните ги молам за сведоци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
187 Ангелеска против Млекарница Спор за неисплатени плати и отпремнини1 Laboriosi segnibus, praesentes absentibus praeferentur (C.Th. – 1,9,3) Вредните да имаат предност пред мрзливите, а присутните пред отсутните!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ова засрамувачко и нелогично решение Судот го донесе со мнозинство гласови на судиите, во состав: д-р Трендафил Ивановски (претседател кој подоцна беше „лустриран“), д-р Наташа Габер – Дамјановска, д-р Зоран Сулејманов, д-р Гзиме Старова, Игор Спировски, Лилјана Ингилизова – Ристова, Исмаил Дарлишта, Вера Маркова и Бранко Наумовски (кој подоцна стана претседател на Судот).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)