Именуваниот суд (преку судијата С.Зиков како претседател на советот), постапувајќи по тужбата, а по пет одржани рочишта за главна расправа и по повеќе од година и пол, во декември 2006, донесе позитивна пресуда во корист на Ристевски со која неговото тужбено барање се усвојува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена „времена мерка“, иако тоа беше побарано од страна на Ристески и неговиот адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правичниот надоместок паѓа на товар на Судскиот буџет и се исплатува во рок од три месеца од денот на правосилноста на решението на Врховниот суд (чл. 36, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По приемот на барањето Врховниот суд на РМ веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена ќе побара од првостепениот суд да достави препис на списите од предметното досие, а по потреба и изјаснување од повисокиот суд за времетраење на постапката пред него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во моментот јас од родословното стебло, знаев по нешто сѐ до предокот Никола Поцо, дека се работело за моќно и старо стебло, но со целосна сигурност можев да зборувам само за последните колена, дека, на пример, дедо ми по татко се викал Стефан, а по мајка Славко и дека татко му на Стефан, мојот прадедо, се викал Митре.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Некогаш, пишуваше тој, половината од нивите, шумите, говедата и овците во Маказар, биле на родот Поцо, но подоцна семејството, или семејствата, осиромашиле, а по Втората војна и тоа што останало, било земено од државата како некој неправедно создаден вишок, кулучко богатство.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но во војната кога мажите ги одвеле на фронтовите, немало кој да ги обработува градините со ружи, па тие се оретчиле, а по војната тешко се обновувале.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се провикна Толе и се замеша во купот, поздравувајќи се и со најмладите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пак Марко Попов прв фати рака со Толета, како угич прв што скака во реката а по него сите овци и јагниња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од допирот со јагненцето, од чувството што ја зафати додека тоа го празнеше нејзиното набрекнато виме, што веројатно неисцицано ѝ причинуваше болка, овцата се скроти, а по малку, иако претпазливо, си дозволи да го лизне по опавчето туѓото јагне што го смукаше нејзиното млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таму беа сместени дрвата, а по ќошињата имаше и некои греди, пратја и алати.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Колибата ја сочинуваа две одделенија, надворешно, мошне пространо, со сосаци и амбари покрај ѕидот, во кои се сместуваа житото, компирите, кромидот, а по диреците на клинови висеа торби во кои можеше да се најде грав, просо, лук, брашно и други потреби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- А по колку учители имате в училиште? - прашуваше. - А кој ќе знае...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тие би продолжиле уште да редат, како кукавици на мртвен, ама Фоте, а по него Боге, ги покажуваат рибите држејќи ги за опаш, така што тие вака издолжени навистина се чинат големи како машки подлактици.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во текот на летото ќе се снимаше целата документација на изградбата, а по потреба на етапите во градењето ќе се продолжи и вон сезоната.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Светлина што е убава, а убава е затоа што е убава во исто време во сите свои делови, затоа што е убава секогаш во исти односи и на ист начин, затоа што ниту настанува ниту исчезнува, ниту се зголемува ниту се смалува; затоа што не е во еден дел убава а во друг грда, ниту пак во едно време убава а во друго грда, ниту пак по однос на една ствар е грда а по однос на друга убава, ниту пак на едно место е убава а на друго грда, ниту пак за едни е убава а за други грда, туку сама по себе е убава сега, секогаш и во вечни векови, секогаш сама на себе подобна по форма, светлина што во себе го носи изворот на убавината: светлина, музика и боја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се заблагодаривме за гостењето и станавме за да си одиме. – А каде ќе одите? – Во Лобаница. – Аха, по старо е така. – А по ново? – По ново Агиос Димитриос, ама селото веќе не постои...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
По три дни, го видовме како занесено свири на свиралка изделкана од врбова гранка, чекори како да чекори кон небесата, се крева ко да го носи морско ветре и го поткрева од земјата, а по земјата, занесени од свирежот, лазеа безброј змии, со кренати глави кон свирката и кон очите на нашиот другар.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч – според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бројот на приврзаниците јавни и тајни ќе расте, не по дни, а по часови. Важно е тоа што до кога што ќе има во Македонија бугарска пропаганда, ќе има и српска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А при тоа да го цениме своето работење не по надворешниот негов вид, а по неговата вредност, а цената на трудот се мери со потребните за него сили.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
37. Инж. Христо Станишев е член на ВМОК во Софија, а по расцепот на “врховистите” (1902) стана претседател на Врховниот комитет што го поддржуваше ЦК на ТМОРО и издаваше и свој весник под истото име “Реформи”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како студент во Женева и близок до ЦК на ТМОРО, притоа и приврзаник на Б.Сарафов, тој го издава таму (на француски јазик) весникот “L’ Effort”/1900-1901/, а по дипломирањето во Париз го редактира весникот “Mouvement Macedonien” /1902-1903/. 26.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Децата весело извикаа...! Ураа! Ураа! Ураа! Ова е принцезата наша што очи боди, а по нејзе принцот, на бел коњ ќе оди, решивме денес круна да ѝ ставиме, и до утро журка ќе си правиме...!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мечката уште веднаш го имаше исфрлено од себе неговото јарче и стоеше свртена кон него, а по сртовите се расцепи еден таков див вресок, од чијашто болка чиниш и дрвјата здола го истресоа тешкиот окит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И полека во неговото тело почна да се всадува едно ѓаволско чувство на сопнат, чекорите му стануваа сѐ покуси по таа нагорничавост, а по лицето му израснуваа ситни студени монизда пот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По „градски“ го л’штеше подот, го мачкаше со маст, го покриваше со теписон од крај до крај, а по „селски“ пушташе черга по дијагонала.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Поминаа низ Бавчанџиско Сокаче, од под Саат, низ Казанџиско Сокаче, покрај Шарена чешма и низ Вишне Маало излегоа на Али Чешма, а таму ги дочека мноштво народ и сите прилепски првенци, Турци и христијани, веќе поседнати во полукруг на тревата на веленица што си ги донесле од дома.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мајкиниот гроб е првиот ѕидан гроб во Потковицата и првиот Акиноски гроб во Потковицата, а по него и набрзо потоа дојде оној до него, на татка му...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Носи една тиква на глава, а по две во рацете. Петлушка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одат војниците, а по нив браздичиња вода им паѓа на песокта, на грагорот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А по крвта на телето роеви муви, слези и летни чинат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сонцето припекува, а по нив иде еден пилешки глас, ја цепи горештината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По едни планини се качувам, вели, а по други слегувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Беше неколку години помлада од нив, а по кафичи работеше можеби цела деценија.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Братучед ми Мурад јуреше на коњот преку полето со сува трева кон еден канал за наводнување, го прескокна каналот, а по пет минути, кога се врати, од него капеше пот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Треба да го вратиме пред да стане кој и да било на светов и во околинава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во пресудната 1948 година бродот на длабочина од 23 метри крај риечкото пристаниште ќе биде извлечен од специјализираното претпријатие Бродоспас и ќе го преземе Југословенската воена морнарица за свои потреби, а по реконструкцијата и обновата дел по дел ќе влезе во составот на морнарицата како школски брод Галеб, а подоцна ќе стане еден вид пловечка резиденција на Јосип Броз Тито.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе учествува во многу поморски битки за различна намена, а најчесто како миноположувач за на крајот од сојузничките авиони да биде потопен кај Риека во 1944 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Првин бродот бил изграден со специјална намена да превезува банани за една италјанска фирма.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во текот на војната бродот ќе стане помошен крстосувач на италјанската воена морнарица, а по капитулацијата на Италија бродот во Трст ќе го преземат Германците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Покрај тоа, ЗИТ (1997) го овластува инспекторот, во постапката на инспекцискиот надзор, да бара лични исправи (лична карта, пасош и слично) од лицата затекнати на работа кај работодавецот, кои се должни бараните исправи да ги дадат на увид, а по потреба инспекторот е овластен и да побара асистенција од надлежен државен орган (чл. 11, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Вратата од дворот се отвори со шкрипеж, а потоа се зачуја коњски копита што тропаа по калдрмата; се покажа коњ на чиј што самар беше изизврзан човек префрлен како вреќа, а по коњот одеа две жени и калуѓерот што им ја отвори врата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И се случи чудна, невообичаена, глетка: по едниот сокак кон црквата тргна поворката со мртовецот да се закопа, а по другиот тргнаа свадбарите со зетот и невестата да се венчаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А по тој повод ни делеа значки по школите.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се измени на почетокот текот на реката, а по завршувањето на градежните работи, две години подоцна, дојде и до нејзино целосно блокирање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Долго си трепереа таа ноќ гранките крај езерото А по брегот си шеташе историјата Со твоето име и со троа месечина во рацете.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Идејата беше-секоја половина за себе да впива нови сознанија, а по извесно време да ги претопи во новото соединување.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Уште не ја имаа допеано песната кога од орманот под нив излегоа волови, а по нив дете.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На другите деца им беше мило што Николче дојде, а по малку и им беше криво што Трајанка беше преналутена.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Секогаш, после процесите, тој ќе му дадеше по две-три банки, а по окончуваето на процесот во врска со случајот на солунецот Раде му даде цела стотка бакшиш.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Меѓутоа, имаме предвид дека тргнавме од почеток - од нулта позиција - засилено работиме и ќе ја подобриме положбата. А по нас одите вие!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А по нивјето, ливадите и лозјата, во бавчата и градината, во дворот и во одаите - певливо, заносно, ѕвонливо, солзливо, таговито - се пренесуваше пеењето на Фимка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Добро, ама не знам шо му би и почна грцкио аскер да се врнва и така дојдоа италијанцки скерлии, а по ними и германцки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Грижливо ја изделка корката, со парче тел го издлаби босчето како цевка, а по тоа зеде едно потенко багремово гранче, го дупна насреде и со него го затна отворот на црцалото.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Светлокосиот ја изгаси ламбата, а по тоа полека се истегна и тој на сламата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За мезе имаа пивтија и печено чадено суво свинско месо и луканки што им ги носеа жените, а по вино, со котлиња и со котли, сами си одеа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На почетокот од есента, веднаш по доаѓањето на дедото Петко, во Скопје дошла и жената на Нанчо, не останала долго и тајно си заминала, а по некое време го снемало и него.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Мајката Роса е разговорлива жена, исто толку е и внимателна слушателка, ама сега смета дека претерала во сѐ па затоа стана и извинувајќи се што толку многу се задржале, тргна на кај вратата, а по неа, зацрвенета во лицето и Деспина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Карабинерите ја влечкаат Гајта, а по Гајта се влечка мајка ѝ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас зедов, се насмеав, а по мене и Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се истргуваме сега од турканицата, а по нас идат некои сенки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А по нас свират куршумите, фиу, фиу, си фиукаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред лебот се крстат, велам, а по јадење ги собираат трошките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)