а (сврз.) - како (предл.)

Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го држам в раце, а како ништо да не држам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се наближуваме, а како до онаму, подизлегол еден човек: ко познат, ко непознат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога ја оголивме белата коска, гледам чудни знаци. Не е писмо, а како писмо се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А месото ни солено ни пипрено. Сол се нема ни за в очи. А несолена уста и вода не бара. Ја пиеш, а како осилки да голташ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јаболката паѓаат на земјата, а како по глава да ме удираат. Така ги слушам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го грнам така, а како сув шип да прегрнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ВЕЛИКА Влегуваме во селото, а како во туѓо село да влегуваме. Зејат куќите, пондилите. Нема ништо да лавне, да мукне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се фаќаш за глава, а како лешник да фаќаш со прстите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)