Беше тоа во Паркот, еден остар, ладен ден во март, кога земјата беше тврда како железо, а тревата изгледаше мртва и никаде не се гледаше ниту една пупка, со исклучок на неколку шафрани што беа никнале само за да бидат обезличени од ветрот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На орлиштата им се придружувале мравки и лакоми стаорци а тревата, изгорена од крв, се сушела: се бијат Карпошовата војска и Паромоновите ајдути со јаничарите и со аскерот, колат и паѓаат заклани, се крши железо, пукаат черупки, се множат купови мртви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оддалеку, од Српско и од Влашко, од Бугарско и од Латинско, доаѓале во вилаетов голошии орлишта да се налапаат мртво крстено и некрстено месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)