а (сврз.) - светлина (имн.)

-А светлината? Каква моќ има таа? –праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XIV Ноќта дојде полека,смрачено, ѕвездите на небото се појавуваа скржаво, додека најпосле мракот не почна да се сталожува, а светлината на ѕвездите да го притиска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)