а (сврз.) - ред (имн.)

Благодарејќи на брзата интервенција на војската и на жандармеријата, намерата на бунтовниците беше осуетена, а редот и мирот веднаш воспоставени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Лизни -мазни е, за вкусови не расправа. Политички коректен, мајчин и странски во оригинал и превод како текст и поттекст, меѓу редовите клокоти, а редовите празни.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)